Градоначалникот на Чаир ќе ја урива дивоградбата пред „Мавровка

Инвеститорот фантом за Општина Чаир, кој го гради објектот пред ТЦ „Мавровка“, доби рок од осум дена за враќање на локацијата во првобитна состојба. Во спротивно, чаирскиот градоначалник Висар Ганиу најави дека ќе распише тендер за избор на компанија за уривање на дивоградбата која во меѓувреме доби на катност.

„Градежниот инспекторат има донесено овластување со кое се бара отстранување на наведениот објект. Рокот на дејствување е осум дена од приемот на решението од изведувачот или инвеститорот на работите. При инспекцијата, никој од присутните лица кои биле затекнати на самото место не презеле одговорност за примање на одлуката на Општината, па затоа решението е адресирано до непознат сторител. Доколку уривањето не се изврши од самиот инвеститор и во рамки на предвидениот рок, тоа ќе го направи Општина Чаир“, порача Ганиу и додаде дека објектот имал дозвола за градење со железна, а не бетонска конструкција.

Дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“ е во дијагонала од македонското судство, на локацијата на која до пожарот во мај функционираше кафетеријата „Фонтана“. Околу просторот што е претворен во градилиште нема поставено табла со име на инвеститор, ниту пак проекција за објектот, а инстутуциите се мобилизираа по написите во медиумите.

Total
0
Shares
Поврзани објави