Градоначалникот на Кавадарци сака да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, има лидерски амбиции. Јанчев во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека ВМРО – ДПМНЕ ќе дочека подобри денови.

„Оваа ситуација не може да биде вечна. На луѓето веќе им е смачено од сите притисоци и тапкањето во место. Потребна е целосна промена, со демократски ставови, со различни мислења, со различни совети од сето тоа на крај да умееме да го извлечеме најдоброто. Едноумието не не води кон успех, премногу субјективно размислување не носи чекор назад“, изјавил Јанчев.

Кога тој ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој граѓанин. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави