Граѓаните не веруваат дека Мијалков бил во изолација, твитерџиите со иронични коментари

Побегна, па се врати. Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како во главната улога на народната приказна „Пишман Аџија“. За што ли се пишмани Мијалков останува енигма. На дел од граѓаните не им е верно дека поранешниот шеф на тајната полиција го немало бидејќи имал симптоми на корона и се изолирал, додека за него се бараше затворски притвор.

Во принцип не им верувам повеќе на луѓето. А, за него немам коментар. Ниту ми е брат, ниту ми е братучед, ниту го познавам, ниту имам против нешто. Во политиката не се мешам, не ме интересира“…

„Мијалков во затвор не оди! И вчера ова беше само формално за јавноста еве да се рече. И пак нема да оди, тој ќе биде во домашен притвор, ама уште нема правосилна пресуда“…

– Верувате ли во тоа што го кажа вчера?

„Па, срамно е да се каже дека веруваме“…

„Измислено е нормално. Нормално, Не сме мали деца“…беа дел од  коментарите на граѓаните.

На социјалните мрежи врие од коментари за бегството, па камбекот на Мијалков. Споделена е монтирана фотографија од наводен „Фејсбук“ статус на Мијалков во кој бара да биде поставен за министер за внатрешни работи.

На социјалните мрежи граѓаните се потсмеваа и со полициската акција „Каде е Сашо Мијалков?“

Се ширеа коментари за тоа каде бил Мијалков, како оздравел за само 24 часа..

„Вчера, нажалост, бев навистина болен. Со преку 40 температура“, рече Мијалков.

Извор: Алсат

Total
0
Shares
Поврзани објави