Грчев бара рушење на спомен-куќата на „Мајка Тереза“

Архитектот Мирослав Грчев во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека „Порта Македонија“ и спомен-куќата на „Мајка Тереза“ треба да се урнат, а спомениците на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје треба да се дислоцираат.

Рушењето на двата објекти е неопходно затоа што се противзаконски и се подигнати на улица. 

Спорно е и тоа што, имаме прекршување на Уставот, вели тој, конкретно со „Мајка Тереза“ затоа што таа идеја дојде од Никола Груевски како премиер, а е строго забрането централната власт да се меша во уредување на град, нешто што е надлежност на локалната самоуправа.

Рушењето, според архитектот, ќе чини многу малку пари во споредба со сумата што е фрлена за изградба.

Грчев е дел од работната група за проектот „Скопје 2014“. 

Total
0
Shares
Поврзани објави