Грчки документи во Апелација-Чавков нема вила на Халкидики, најавена жалба во Стразбур

Петмина од осудените за настаните во Собранието на 27-ми април, денеска до Апелациониот суд Скопје поднесоа жалба и побараа да им биде укинат притворот, а меѓу нив и Чавков кој доби најголема казна од 18 години.

Адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот достави извод од катастарот на Халкидики.

Со него, како што вели Дуковски, се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики, што беше една од основите за определување на оваа мерка.

Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Total
0
Shares
Поврзани објави