Грчките спасувачи извлекоа две живи лица од урнатините по земјотресот во Албанија, прогласена вонредна состојба

Двете специјални единици за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба, кои се наоѓаат на две различни локации во Албанија, во текот на вчерашниот ден од урнатините спасија 45-годишна жена и 24-годишен маж.

Владата на Албанија денес прогласи вонредна ситуација на подрачјата на Драч и Тирана, областите кои се најпогодени од разораниот земјотрес кој вчера рано наутро на погоди земјата.

Според последните информации, најмалку 29 лица го загубија животот, додека над 40 се извлечени под урнатините. Повредени се повеќе од 650 лица.

Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека вонредна ситуација е прогласена врз основ на Уставот и законот. Според него, поради катастрофалниот земјотрес кој се случи два дена пред државниот празник Денот на знамето, 28 ноември, не може да биде празник туку ден на национална солидарност.

Рама на денешната вонредна седница им се заблагодари на сите земји од регионот, Европа и светот кои на Албанија и испратиле помош согласно своите можности, но и изразиле сочувство.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави