Грција и Црна Гора ги затворија границите

Со цел да се заштити од коронавирус, Црна Гора воведе нови привремени мерки, кои вклучуваат, меѓу другото, и затворање на границите за странците. Исто така, воведена е и задолжителна самоизолација за странските патници.

На седницата на Националното координативно тело беше донесена одлука да бидат затворени сите барови, кафулиња, игротеки, спортски сали и трговски центри.

Поради спречување на ширење на коронавирусот, владата на Грција одлучи да ги прекине патниот, морскиот и авионскиот транспорт од и до соседните земји Северна Македонија и Албанија. Исклучок од мерката е пренесувањето на стоки и влез во Грција за оние кои имаат грчко државјанство или живеат во земјата.

Total
0
Shares
Поврзани објави