По повеќе од една година граничниот премин „Евзони“ од денеска се отвора. Сите државјани на Македонија кои сакаат да влезат во Грција ќе треба да приложат негативен ПЦР-тест, писмен доказ за пимени две дози вакцини против ковид или позитивен резултат за антитела.Оваа информација вчера на својот „Фејсбук“ профил ја потврди и премиерот Зоран Заев, кој во Атина учествуваше на Економскиот форим Делфи, каде се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.Засега на ГП „Богородица“ е тивко, но се очекува дека голем број на граѓани ќе ја искористат можноста да заминат на море за продолжениот викенд. Овој граничен премин најчесто го користат и граѓаните на Србија кои патуваат на летување преку Македонија.Границите на Грција веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Прекуграничните поминувања беа само за одредени категории граѓани.
Поврзани објави
На ул. Орце Николов се исечени 13 дрвја оти беа стари и болни, веднаш ќе засадиме нови, вели Богдановиќ
На улицата Орце Николов која веќе еден месец се реконструира денеска се исечени 13 дрвја. Станува збор за…
Заев за МИА: Имавме кратка, но значајна средба со Бајден
Премиерот Зоран Заев попладнево на самитот на НАТО во Брисел се сретна со американскиот претседател, Џозеф Бајден, за…
Андријана Будимир – прва жена тренер победник во машката Прва лига
Екипите на Шампион и Скопје 2020 одиграа интересен натпревар за финиш на сезоната во плеј-офот во Првата машка…
ВМРО-ДПМНЕ од утре со блокади кај Собрание, ТЦ „Мавровка“ и Н. Македонија
Раскрсниците кај македонското Собрание, кај ТЦ „Мавровка“ и кај поранешна Нова Македонија утре во период од 15 до…