Грција ќе го плаќа сместувањето на туристите заразени од корона

На сите туристи кои оваа лето при престојот во Грција ќе бидат заразени со корона вирусот, земјата ќе им ги плати трошоците за сместување. Ова го соопшти владиниот портпарол Стелиос Пецас.

Очекуваме многу малку случаи, бидејќи значително се подобрува епидемиолошката слика во европските земји од каде што ги очекуваме туристите. Целта ни е максимално да им обезбедиме безбедност на гостите и локалните жители, изјави Пецас.

Тој посочи дека Грција ова го правела и во минатото и дека во иднина ќе продолжат со истата практика.

Границите на Грција за туристи ќе бидат отворени од 15 јуни.

Со оглед на зголемениот број на заболени од корона вирусот, останува да видиме дали нашата земја ќе остане меѓу 29 земји на чии државјани ќе им биде дозволен влез, без да мора да одат во карантин.

Total
0
Shares
Поврзани објави