Грците се плашат од туристите, бараат задолжително тестирање за COVID-19

Поголемиот дел од грчките државјани, сакаат туристите кои ќе стигнат од странство, да бидат тестирани на Ковид-19.

Дури 89 проценти од испитаниците во истражувањето кое го спроведе ALCO одговориле дека туристите мора да бидат тестирани. Само 8 проценти рекле дека се против тестирања, додека 3 проценти рекле дека не одговараат.

Воедно, големиот дел од Грците веруваат дека многу од Владите ги укинале рестриктивните мерки порано од што треба, односно ја ставиле економијата пред здравјето.

Total
0
Shares
Поврзани објави