Гробница на Матка, пронајдено машко тело во распаѓање

На речиси половина час возење од Сарај, по тесен планински пат кој води кон Јасен, скoпската полиција пронајде импровизирана гробница. Во неа е откриен машки труп во дупка меѓу карпите во близина на Горна Матка.

-Кај оваа карпа зад мене полициски службеници вчера пронајдоа машки труп. Како што дознава Сител, телото се уште не било во фаза на распаѓање, а според првичните информации, лицето било на возраст од 25 до 40 години.

Со оглед на тоа што телото е пронајдено затрупано во дупка се претпоставува дека станува збор за насилна смрт, но Судска медицина ќе треба да ја открие точната причина.

Телото било пронајдено вчера околу 19 часот од страна на полициски службеници кои вршеле обиколка. Почувствувале неподнослива миризба, па по кратка потрага од каде доаѓа миризбата го пронашле телото. Местото било обезбедувано во текот на целата ноќ додека не почне увидот.

Во моментот МВР работи на идентификација на телото. Инаку, полициските службеници откопуваа во околината за да проверат дали на местото можеби има повеќе трупови, но ова е единственото тело кое го најдоа.

sitel.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави