Груби бара со закон да ги реши административците што седат дома

Вицепремиерот Артан Груби вели дека над 1.300 нераспоредени вработени според Рамковниот договор не можат да се отпуштат дури и ако одбијат да работат во некоја од институциите.

„Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите вработени не сакаат да одат, во некои други случаи, институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања. Затоа и најавив усвојување можеби на посебен, специјален закон, само за оваа категорија, со кој би било обврзувачки, и институцијата и вработениот да го прифатат распределувањето“, вели Груби.

Според него, неблагодарно е да се даваат рокови до кога треба тие да бидат работно ангажирани, а тоа што седат дома, не е по нивна вина.

Total
0
Shares
Поврзани објави