Гужви пред маркетите и на пазарите, по најавениот карантин

По најавата за воведување на целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје, од утрово може да се забележат гужви во маркетите и на пазарите.

Редици од луѓе чекаат да се снабдат со потребните намирници за продолжениот викенд, а има и такви кои не држат растојание од 2 метри и не носат заштитни маски.

По зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава и за ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот, Владата донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје, во сите сите скопски општини и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Забраната на движењето почнува вечер, од 21 часот и ќе важи се до понеделник, до 05:00 часот.

Во сите останати градови се забранува движење на сите граѓани од вечер, од 21:00 часот до наредниот ден, до 05:00 часот наутро. В петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро. Петок е прогласен за неработен ден за сите граѓани. Владата ја донесе оваа одлука на вчерашната 60-та седница, согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

фото: фб

Total
0
Shares
Поврзани објави