Хоспитализирани Зекири, со сопругата и ќеркичката

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести со температура од понеделникот откако заболе од коронавирусот. Информацијата дека е в болница, за ,,Слободен печат” ја потврди самиот Зекири.

Тој ни рече дека во истата соба со него се хоспитализирани и неговата сопруга и тримесечната ќерка.

Чисти сме со белите дробови, тоа е добро. Јас имам температура. Сопругата и бебето немаат. Супер се грижи за нас целиот персонал, Господ здравје да им даде, многу се трпеливи со сите пациенти и многу грижливи. Дојдовме во понеделникот кога малата крена температура, но сега нема, добра е. И мојата сопруга е добра. Јас добивам инфузија и потпишав дека ќе земам една терапија десет дена за ХИВ, како дел од студијата ,,Солидарност”, изјави Зекири за Слободен печат.

инфо Слободен печат

Total
0
Shares
Поврзани објави