Храната од семејстватата не им се носи на пациентите со корона

На социјалната мрежа Фејсбук денеска се споделува видео на кое авторот прикажува дека во еден од ковид-центрите во земјава нема никаков медицински персонал, а храната што семејствата им ја праќаат на пациентите е оставена на една масичка и воопшто не им е предадена на луѓето за кои е наменета.

„Драги пријатели повелете, ова е здравството на Венко Филипче“, стои во објаснувањето на видеото.

Граѓанинот, кој го објави видето се жали дека нема кого да праша, ниту некој креват на телефон, а храната за пациентите се остава на влезот на Ковид-центарот.

„Ова е од сабајле, никој го нема однесено храната. Ако луѓето имате потреба за вода, не можат како да го однесат. Ова е на Филипче Ковид-центарот. Пациентите горе чекат храна и вода, а нема кој да им однесе. Живо пиле нема, еве, нема никого да прашаме, ниту да добиеме било каква информација што се случува горе“, раскажува во видеото граѓанинот.

Total
0
Shares
Поврзани објави