Хуманитарците и Отец Оливер ќе ја реновираат куќата на синот и мајката од Велес кои живееа во ужас

Хуманитарната организација на МПЦ – ОА – СВ. Спас и Отец Оливер денеска пред сите институции кои поминаа низ домот на синот и мајката кои во Велес живеат во ужасни услови , го реши проблемот на ова смејство. Ќе се реновира нивната запустена куќа , а тие ќе добијат привремен дом. По објавувањето на оваа сторија за животот на синот кој не може да работи за да ја гледа мајката и така и двајцата пропаѓаат и мизеруваат , многу хумани граѓани помогнаа со храна и огрев за семејството.

Од хуманитарната организација соопштија

Хуманитарна организација “Свети Спас” не почека 24 часа и веднаш појде на лице место кај фамилијата која засолужува подобри услови за живот.. Проектот НОВ ДОМ реновирање започнува… Луѓето ќе бидат сместени под кирија додека нивниот “дом” се направи во едно ново прекрасно место за живеење… Благодарејки на сите донатори и сите луѓе кои се вклучија да помгнат ДА СТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ ГОСПОД ЗДРАВЈЕ ДА ВИ ДАВА НА СИТЕ

Total
0
Shares
Поврзани објави