Хуманитарното Здружение “ПОДАЈ РАКА ЗА СПАС – ЕИР” и “Витаминка”-Прилеп нахранија 1000 семејства – акцијата продолжува

Нашата цел НЕ Е популарност на здружението, туку ЦЕЛТА е подигање на Хуманоста и Свеста кај граѓаните, да го поделат она што го имаат, со тие околу нив што немаат…
Колку ја подигнавме свеста, останува да видиме… е последната објава на социјалната мрежа ФБ на претседателката на Здружението “ПОДАЈ РАКА ЗА СПАС – ЕИР” Мери Николова Буџаку.

Во постот се објавени неколку фирми кои несебично помогнаа во акцијата да се нахранат 1000 семејства. Оние кои први подадоа рака и се вклучија е компанијата “Витаминка” – Прилеп , која донираше големи количества храна.

По успешната акција токму оваа компанија која е и главниот донатор во акцијата Ковид 19 – нахрани 1000 семејства, повторно дава несебична поддршка за продолжување на хуманитарните активности. Од компанијата “Витаминка” – Прилеп го охрабруваат Здружението , претседателката и активистите да продолжат – да се нахранат уште 5000 сeмејства, но истовремено повикуваат сите компании кои можат да се приклучат, да ја подигнат свеста дека во ова време подадената рака за помош е најблагодарното нешто што секој човек може да го направи. Компанијата “Витаминка” – Прилеп по празниците повторно се приклучува на новите донаторски акции кои во ова тешко време за секој граѓанин се спас за една цел – никој да не остане гладен.

Прeтеседателката на Здружението Мери Николова Буџаку прв пат јавно напиша повеќе детали околу она кое се работи подолго време, околу хуманите акции и луѓето кои помагаат:

Здружението “ПОДАЈ РАКА ЗА СПАС – ЕИР” повеќе од две години помага на луѓе од најранливите категории, и никогаш до сега не е ништо јавно објавено!!!

Драги пријатели, денес завршивме со последната донација низ повеќе места во Скопје. До сега поделени се над 1000 пакети, со помош на НОВА ПОШТА и нај вредните активисти.

Донација со заштитна медицинска опрема и дезинфекциски средства доставивме и во Универзитетската клиника за Неврологија-Скопје и во 15-ет приватни ординации во Дебар. Во болницата 8-ми Септември-Скопје дониравме 1000 парчиња маски, над 600 метра материјал за шиење маски за медицинскиот персонал(вредните раце на неколку жени ќе сошијат над 8000 парчиња маски.)

– Во нашите активности дел сами финансиравме, а тоа тешко ќе го видите во некоја наша невладина организација. Благодариме што се вклучија со свои донации: СИСТИНА, ВИТАМИНКА – ПРИЛЕП, МИМА ВЕЛНЕС – ДЕБАР, УКА Компани – СКОПЈЕ, благодарност и до мојот другар кој донираше 2.5 тона брашно. Вие сте херои за над 1000 семејства. Им подадовме рака на болни, гладни, лица со посебни потреби и семејства кои останаа без работа во оваа вонредна состојба. Посетени места:Дебар, Скопје и околни села, Кочани, Тркање, , Пробиштип, Кратово, Злетово, Штип, Миладиновци, Струмица, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес. Малку ќе одмориме се надеваме ќе се вклучат и останатите да не заменат. Ако бидеме повторно повикани, и верувате во нас, после празниците продолжуваме. Простете ни што не успеавме да ве услужиме сите. Останаа пријавени над 5000 семејства 

Здружението по неколкуте празнични денови продолжува со нови акции и повикува во иднина, ако имате потреба за брза достава, најљубезно ќе бидете услужени од вработените на НОВА ПОШТА. Контакт тел. на 023138888 или 078888855 најдобрата служба во Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави