И „Еразмус“ од почеток, поротник оди на работа во Германија

Поротник од случајот “Еразмус” за професорите од Еконмски факултет на кои им се суди за примање мито се враќа на почеток. Како и во други актуални случаи и овој пат причината е поротник кој заминува во Германија на работа. Поради тоа во февруари кога беа закажани завршни зборови и слупајот дојде во фаза пред пресуда , судењето ќе започне од почеток.

Претседателот на судот ќе назначи нов поротник, а судечнкиот судија побара од адвокатите и обвинетите до сега сработеното и доказите само да се исчитаат и предметот да продолжи таму каде што застана. Начелно странките дадоа согласност.

Обвинителството за организиран криминал за предметот „Еразмус“ гони петмина осомничени, меѓу кои поранешниот декан и професор на менаџмент, Бобек Шуклев. Предметот е отворен во јуни 2016 година. Професорите се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење, а имало случаи кога студенти добиле шестка иако немале право да го полагаат испитот или не им бил пријавен во таа испитна сесија. Обвинети се професорите Бобек Шуклев, Славе Ристески, Драган Јанев и Стојан Дебарлиев.

Total
0
Shares
Поврзани објави