И Груби вети распоредување на администраците што не одат на работа

Првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби вчера изјави дека е формирана работна група која ќе ги систематизира вработените според Охридскиот договор кои не оделе на работа.

Груби тврди дека има договор меѓу СДСМ и ДУИ, за систематизација на сите вработени според Охридскиот договор по програмата К-5, со цел да се зголеми соодветната и правична застапеност на сите заедници во државната администрација и институциите од јавниот сектор.

„Договорот ќе го спроведеме и ќе ги систематизираме сите тие кои сакаат да работат и кои чекаат да бидат систематизирани. Во моментот формиравме работна група за анализа на нивната професионална обука, колку економисти, адвокати, инженери по информатика, колку се во средно училиште, за потоа заедно со МИОА да најдеме слободни работни места“, изјави Груби.

Тој не очекува овој процес да заврши до крајот на оваа година.

Владата во последниот мандат, направи план за систематизација на 1.688 административци кои седат дома и примаат плати. Според планот, административците требаше да бидат систематизирани во работни места во две фази.

Total
0
Shares
Поврзани објави