И претседателот Пендаровски е за декриминализација на марихуаната

Претседателот Стево Пендаровски ја поддржува идејата за декриминализација на марихуаната затоа што со децении наназад институциите казнуваат со ист интензитет а бројот на уживатели не се намалува.

„Во првиот случај мој став е дека треба да се декриминализира марихуаната затоа што децении наназад ние се фокусиравме со ист интензитет на казнување и на оние кои ја користат дрогата за лични потреби и на оние кои ја дистрибуираат. Исто така, сметам дека веќе доцниме со заокружување на легислативата за производство и дистрибуција на маслото од канабис за медицински цели за што постои јасна стручно-медицинска поддршка“,, изјавил Пендаровски во интервју за Дојче веле.

Тој е воздржан кон создавањето на законски претпоставки за комерцијална продажба на марихуаната и предупредува одлуката да не се носи брзо и второ, дебатата треба да се води во стручните, а не во политичките кругови.

„Најбитно е во анализите да не биде калкулиран само економскиот профит, туку и евентуалните последици по здравјето на младите, како и можноста на тој начин да ја отвориме вратата за полесен влез на меѓународните нарко-картели во нашата земја“, предупредува Пендаровски.

Според него, треба да бидеме исклучително претпазливи за легализацијата на готовите пари и нашето законодавство мора да ги содржи сите заштитни механизми од борбата против перењето на пари кои ги имаат развиените земји-членки на ЕУ.

„Во спротивно, ризикуваме да го повториме негативно искуство на некои европски држави и да дозволиме влез на огромни суми валкан капитал кои носат негативен меѓународен имиџ на земјата, но, што е далеку поважно, потоа добиваат можност да ја контролираат и политиката и нашите животи, вели Пендаровски.

Total
0
Shares
Поврзани објави