Игор Југ: Груевски го сметам за добар премиер ама за негативна нула како претседател на партија затоа што од ВМРО-ДПМНЕ направи бегалски камп од бегалките на другите партии

Игор Југ, утрово во Кривичниот суд зборува за 27 април и за партијата за која многу помогнал но по настаните од 27 април го изневерила . Тој дава своја одбрана на судењето за случајот 27 април и започна со објаснување на пораките кои ги пишал на другар, а обвинителството ги презентираше како докази.

– Во првата порака му напишав: „Тие што ме пратија во Собрание, тие и ме осудија”. Никој поединечно ниту лично ме нема пратено во Собрание. Под тие што ме пратија ги подразбирам сите оние кои преку ТВ емисии, објави во весници, прес конференција 60 дена го повикуваа народот да излезе на улица и да си ја брани татковината. Тие истите ниту еднаш не собраа храброст да излезат и да го поведат народот зашто тоа им е должност. Како глувци се криеја дома и с’скаа. Како исклучок сакам да го споменам пратеникот Антонио Милошоски кој најде храброст излезе на протест – рече Игор Југ.

Југ рече дека е вмровец, а не дпмнеовец и оти за него светото писмо на организацијата, не на партијата. Кај секој претседстел на ВМРО-ДПМНЕ рече дека бара нов Тодор Александров, нов човек кој, како што рече, со својот народ и војска ќе спие на планина на гол камен и ќе ја дели чорбата со својата војска.

– Таков бил татко Тодор. Го сметам за татко на македонската нација. Иако имал војска од 200.000 вооружени војници Татко имал само два костума. Едниот војнички едниот за средба со дипломати и новинари. По тој урнек барам водач, не ми требаат водачи со милиони на банкарски сметки, со јахти од 40 метри и купишта лаги за народот. Во секој пратеник барам нов Питу Гули да застане зад народот, а не да се крие зад него. Затоа напишав тие што ме пратија тие не и осудија. Значи тие со денови не подбуцнуваа, а уште првата вечер, пред првите петли се откажаа од нас – рече Игор Југ.

– Никола Груевски го сметам за добар премиер ама за негативна нула како претседател на партија затоа што од ВМРО-ДПМНЕ направи бегалски камп од бегалките на другите партии и тие бегалки го водеа ородото додека нас старите вмровци не нарекуваа богаташи и сељаци кои пеат комитски песни покрај логорашки оган. Како премиер го сметам за одличен, ама како водач на партија никогаш не сум се сложил со него ниту ќе се сложам – рече Југ.

Обвинетиот ја објаснуваше и втората порака во која напишал: „тие за кои вршам работи, цел живот ме гонат”.

– Кога напишав вршам работи, јас за мојата партија сум ги вршел сите работи кои еден човек може да ги врши. Може сум по габарит крупен, но по моќта не сум. За партијата сум работел сѐ, од лепење плакати до обезбедување конгреси, состаноци на извршни и централни комитети. Без никаква материјална надомест. Заради тоа на 48 години со 4 деца сум невработен. Жена ми која е со високо образование работи на шанк за 230 евра за да ги прехрани децата и да ми донесе нешто во притвор. Гневен сум, се уште сум гневен на тие луѓе. Од нив доживеав само прогон а го дадов срцето и душата за нив – зборуваше Југ пред судот.

Total
0
Shares
Поврзани објави