Игор Југ ја прекина обвинителката : По не знам кој пат кажувам дека не сум Македонец

Обвинетиот Игор Југ на денешното рочиште за 27 април ја прекина обвинителката Ивана Трајчева на почетокот на завршните зборови и во обид да го корегира обвинението против него и му рече на судот дека не е Македонец.

-По не знам кој пат кажувам дека не сум Македонец – рече Југ, кој е по потекло од Хрватска.

На тоа судијката Кацарска му возврати да седне и да не го прекинува обвинителот, а дека ќе каже што има да каже по завршните зборови. Обвинителката Трајчева го чита обвинението кое претходно во писмена верзија им беше поделено на обвинетите.

Во него е сменето само тоа што за дел од обвинетите е прецизирано дека постапката против нив е запрена бидејќи се амнестирани.

Со Законот за амнестија беа амнестирани 15 обвинети. Во предметот за упадот во Собранието продолжува да им се суди на 18 лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави