Игор Југ денеска повторно во обвинителството. Според нашите информации тој од затворот Шутка е спроведен на распит во обвинителството како дел од истрагата која деновиве интензивно се работи околу настаните на 27 април. Додега Игор Југ е во ЈО , Јордан , синот на Сашо Мијалков поранешниот прв човек на УБК, е на распит во полициска станица во Кисела Вода. Иако требаше да се појави пред неколку недели поради патување во странство распитот е закажан за денеска. Полицијата го идентификува како еден од учесниците во настаните во Собранието од снимките од медиумите.
Игор Југ веќе е во притвор оти како дел од група на 27-ми април стаса до собраниската прес- сала каде беше извршен напад врз пратениците на актуелната власт. Во парламентот влегол преку предната врата која ја отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, додека голем дел од насилниците со фантомки влегоа од задниот влез во Собранието. Беше препознатлив по црна маица со симболот на про-усташката организација ХОС, а беше забележан како подолго време ја држи раката на грбот под маицата по што се истражува дали бил вооружен со огнено оружје.
(К.М.)
Поврзани објави
Маричиќ: Дел од спорните имиња нема да се најдат на листите за помилување
Јас би сакал да објаснам дека министерот за правда не дава никаков предлог за помилување во овој случај…
Продолжуваат жештините – кој се е ослободен од работа
До среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински…
Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари
На 12.07.2024 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за корупција во соработка со Одделот за…
Запленети над 20 килограми марихуана во Дебар
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување…