ИНИ против вмешување на политиката во историјата како наука

Институтот за национална историја смета дека евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на влијанија и историски вистини од други национални историографии.

ИНИ вели дека не може да молчи кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација.

„Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат одредни исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи“, велат од ИНИ.

Според нив, научната мисла треба да биде слободна и независна, а не политички условена.

-Изразуваме свој категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот“, се истканува во соопштението на ИНИ.

Total
0
Shares
Поврзани објави