Инспекторатот ќе ја испита смртта на 12 ковид пациенти

По трагичната смрт во Штип на 41-годишна пациентка со ковид-19, за кое има сомневање за несовоесно лекување, Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе ја испитува смртта и на други 12 пациенти.

„Иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ке бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид-19“, велат од Инспекторатот.

Тие вчера направија вонреден инспекциски надзор во штипската болница поради случајот со починатата пациентка.

Наредено му е на директорот на штипската болница веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.

ДСЗИ го задолжи директорот на болницата во рок од три дена, писмено да го извести инспекторатот за наодот од извршената контрола на комисијата.

„Независно од работата на Комисијата, ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката“, велат од ДСЗИ.

Total
0
Shares
Поврзани објави