Иран го обеси новинарот Рухолах Зам

Новинарот Рухолах Зам, кој бил осуден за поттикнување на немирите во 2017 година за време на антивладините протести, денеска е погубен, објави иранската државна телевизија.

Врховниот суд на Иран во вторникот ја потврди смртната казна за Зам, кој беше уапсен во 2019 година по повеќе од една година во егзил. Неговиот Amadnews го следеле повеќе од милион луѓе.

Државната мрежа Седа денеска објави дека Зам, „директорот на контрареволуционерната мрежа Амандниуз, бил обесен утрово“.

Франција и групите за човекови права ја осудија одлуката на Врховниот суд. Зам, син на прореформскиот шиитски свештеник, избегал од Иран и добил азил во Франција.

Во октомври 2019 година, силите на Иранската револуционерна гарда соопштиле дека го уапсиле Зам во „комплексна разузнавачка операција“. Тие не соопштија каде е извршена операцијата.

Иранските власти ги обвинија Соединетите држави, како и регионалниот ривал Саудиска Арабија и владините противници кои живеат во егзил, за разгорување на немирите, кои започнаа кон крајот на 2017 година, откако регионалните протести поради економските тешкотии се проширија низ целата земја.

Официјални лица соопштија дека за време на немирите биле убиени 21 лице, а илјадници биле уапсени. Немирите беа меѓу најлошите во Иран во последните неколку децении, проследени со уште по смртоносни протести минатата година поради зголемувањето на цените на горивата.

Мрежата Амандњуз на Зам била укината во 2018 година за наводно поттикнување немири, сепак, мрежата подоцна се појавила под друго име.

Total
0
Shares
Поврзани објави