Исказот од истрага на Кичевскиот понуден на адвокат за пари ?

Исказот на осомничениот Зоран Милевски за случајот „Рекет“ бил ставен на продажба, односно непознато машко лице се јавило на еден од вклучените во одбраната и го понудил за пари, дознава „Фокус“ од извори во истрагата.

Според информациите, машко лице деновиве се јавило на еден од адвокатите и за пари му го понудил тајниот записник. Тој веднаш го прекинал разговорот и случајот го пријавил на обвинителката Вилма Русковска. Исказот на Кичеец засега е тајна за адвокатите на останатите осомничени, бидејќи обвинителката Русковска реши да не им го даде.

Наводно обвинителството дало налог да се прегледаат снимките од безбедносните камери за да се открие дали исказот протекол од обвинителството.

Total
0
Shares
Поврзани објави