Истраги за имотот на функционерите како празно ветување

Истрагата за имотот на функционерите се повторува како постојано политичко ветување кај нас. Ова беа заложбите на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ по конституирањето на Собранието, во време кога политичките партии се натпреваруваат да формираат парламентарно мнозинство. Поранешниот член на Антикорупциска, Ариф Муса, вели дека земјава остана во 2001 -2002 година, кога бил донесен Законот за спречување на корупција и истрага на богатството и не е сторено ништо конкретно во врска со истрагите за високи функционери. Муса посочува дека најдобриот пример за испитување на богатството на политичарите е Хрватска.

„Хрватска има институција во рамките на Јавното обвинителство која се занимава со истражување на имотот на високи функционери, но исто така ја испитува корупцијата на високи функционери. Што значи дека ваквите капацитети можат да се направат многу побрзо со новиот закон што мислам дека треба да го предложат и треба да го донесат како нова формација. И човечките и просторните капацитети ќе можат да ги завршат дел од Обвинителството, кое ќе биде специјализирано за ова прашање“, изјавил за Алсат-М, Ариф Муса, поранешен член на Антикорупциска.

Според Муса, важна е транспарентноста и да се оди до крај на истрагата и пристапот до имотот на функционерите и луѓето кои се занимаваат со политика. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави