истражување : 10% Роми во Македонија живеат во куќи без вода и канализација

Главна цел на истражувањето беше поставено одредувањето на квантитативните и квалитативните димензии на достапноста, пристапноста и квалитетот на здравствените услуги кон кои пристапува ромското население, потоа состојбата со здравственото осигурување, како и детерминатите на здравствената состојба на Ромите. За да се оствари целта на истражувањето главен предмет во спроведувањето на истото беше да се утврдат: социоекономската положба на ромското население; поседувањето на здравствено осигурување; покриеноста со здравствена заштита; навиките и ставовите на Ромите во поглед на остварувањето на здравствената заштита; перцепциите за квалитетот на здравствената заштита; здравствената состојба на ромското население, како и навиките и однесувањата кои влијаат врз здравјето; перцепциите и однесувањата на здравствените работници кон пациентите Роми.

Клучните наоди кои произлегоа од студијата ги дефинираа проблемите кои имаат значително влијание врз здравјето кај Ромите. Односно главни проблеми со кои се соочува ромското население се: нискиот степен на образование, високата стапка на невработеност, несоодветните услови на живеење и сиромаштијата.

Во однос на тоа во каква населба живеат испитаниците може да се заклучи дека најголем број од испитаниците живеат во населби кои се со просечни услови за живеење. Речиси еднаков е бројот на испитаници кои живеат во побогати населби и оние кои живеат во потпросечни населби, односно населби каде што нема водовод и канализација. Само мал процент од испитаниците живеат во импровизирани живеалишта

Речиси подеднаква пропорција на испитаници живеат во потпросечна куќа, како и во убава куќа. Додека помала пропорција на испитаници живеат во супстандардни куќи.

Најголем дел од испитаниците живеат во семејни домаќинства со по четири, пет и шест члена. Помал процент од испитаниците живеат во домаќинства со два и три члена, додека процентот на испитаници кои живеат во домаќинства со повеќе од девет члена е значително помал .

текстот е извадок од истражување спроведено од Здружение за Еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ – ЕСЕ. Автор на публикацијата Д-р Борјан Павловски. целто истражување на helthrights.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави