Италијанците бегаат од Милано по објавувањето на веста дека градот се затвора

На видеото, кое на социјалните мрежи го објави Матео Салвини, лидер на Лигата и поранешен италијански вицепремиер, се гледа сцена снимена на железничката станица во Милано Порта Гарибалди каде стотици патници со багаж брзаат кон возови откако синоќа беше објавена вест за планираниот карантин.

Уредбата што ја издаде италијанскиот премиер Џузепе Конте непосредно по полноќ, влијае на околу 16 милиони луѓе, вклучувајќи го и регионот Ломбардија и уште најмалку 14 соседни провинции, вклучувајќи ги Венеција, Модена, Парма, Пјаченца, Реџо Емилија и Римини, и ќе остане во сила до 3 април.

Total
0
Shares
Поврзани објави