Итни мерки против загадувањето на воздухот во Тетово, Куманово и Кавадарци

Воздухот во Тетово, Куманово, Кавадарци, па и Скопје, веќе неколку дена има висока загадувачка супстанца со највисока концентрација. Во овие градови на високо ниво е и присуството на штетните ПМ 10 честички во воздухот.

Затоа денеска Владата одлучи да преземе мерки во Тетово, Куманово и Кавадарци, но не и во Скопје, иако ситуацијата е алармантна и во главниот град.

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот, прагот на алармирање за ПМ 10 честички, со надмината вредност од 175 мг/м3, е надминат во изминатите два последователни дена во овие три града, поради тоа само за нив важат мерките.

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерствоот за здравство треба да дапрепорачаат на сите работодавачи  да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Освен тоа, треба да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот, а се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено во овие три градови

Исто така, треба да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата воедно има обврска да ги задолжи сите државни институции и претпријатија, како и единиците на локалната самоуправа да ја намалат употребата на службените возила и да се ограничат градежните активности.

Министерството за труд и социјална политика е задолжено да обезбеди прифатилишта за бездомниците и да дадат поддршка на стари лица преку организирани посети.

Од друга страна, државниот инспекторат и Министерството за животна средина според одлуките на владата треба да започне контрола и мерење на загадувачки супстанци на сите фабрики.

Министерството за животн а средина треба да упатат препорака за компаниите и фабриките кои поседуваат А-ИКСЗ дозвола да го намалат капацитетот на производството за 50 отсто, со што би биле исклучени инсталациите кои произведуваат топлинска или електрична енергија.

Овие мерки ќе бидат на сила во трите града се додека состојбата со амбиенталниот воздух не се подобри. Доколку прагот со ПМ 10 честички ја надмине границата, се очекува слилни мерки да бидат донесени и за останатите градови во државата.

Total
0
Shares
Поврзани објави