Изборите се одлагаат – правни експерти ги договраат деталите

На средбата кај претседателот Пендаровски се постигна консензус дека предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, поради состојбата со коронавирусот, COVID-19 треба да се одложат, наведуваат од кабинетот на Претседателот.

Како што се додава во соопштението:

Присутните го овластија претседателот Стево Пендаровски веднаш да свика состанок со истакнати правни експерти за да се изнајде правен модалитет за одложување на изборите. Средбата ќе се одржи денеска во 16 часот во Вила Водно, а ќе присуствуваат професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави