Изгоре дедо Миле во спомен куќата на Паунови

Во спомен куќата на Паунови во Велес ноќеска, изгоре сопственикот осумдесет годишниот Миле Паунов. Куќата на Паунови е заштитена со закон трикатна градба изградена во 1886 година. Прва од левата страна на комплексот спомен куќи и се наоѓа на ќошот во сокак на улицата Јован Алабаков. Таа е со број 10 и е лепенка со куќата на семејството Манев со реден број 12, која исто така е изгорена. Оштетени се покривите на куќите на соседите Ристови, на Петрови и на Џајкови, од каде пожарникарите со водени шмркови го гаснеа пожарот.

Огнот избувнал околу 23 часот. Први го забележале соседите. Дејан Ристов во 23 часот и 12 минути го пријавил во Територијалната противпожарна единица во Велес.

DejanRistov fin

– Страотна беше глетката која ја видов кога татко ми ме дигна од постела и истрчавме надвор. Таму беа сите соседи кои можеле да излезат надвор од своите домови. Се обидовме да интервенираме сами со црева и вода од нашите домови додека пријавив во пожарна и чекавме да дојдат пожарникарите. Сите знаевме дека Миле е внатре и баравме чаре како на човекот да му помогнеме, ама немаше можност. Тој е старец и сам живееше. Не би можел да шпекулирам од што се запали куќата. Граѓаните кои живеат во крајните куќи на сокакот не успеаја да излезат, тие се внатре во нивните домови, рече за duma.mk Ристов.

целата репортажа од синоќешниот пожар и фотографии продолжува на Duma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави