Изгубениот телефон на Јанева подарок за девојката на синот?

Телефонот кој специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева наводно го изгубила, бил пронајден кај девојката на нејзиниот син. Информацијата ја објавува порталот а1он повикувајќи се на извори од истрагата.

Кога Обвинителството го пронашло телефонот образложението било дека тој бил подарен. Претходно како што обелодени обвинителката Вилма Русковска, синот на Јанева тврдел дека телефонот е изгубен во Белград.

Извештајот од вештачењето на едниот телефон е веќе во рацете на Русковска, но детали не се соопштуваат. Вториот телефон кој е пронајден веднаш е даден на вештачење.

Total
0
Shares
Поврзани објави