Измами со ваучери за туризам

„Купувам – продавам ваучер за туризам.“ Вакви објави деновиве можат  да се видат по социјалните мрежи. Владините ваучери „наидоа на пазар“ меѓу граѓаните, a ваквите обиди за злоупотреба треба да одолеат угостителите, кои не смеат во своите апартмани и хотели да примаат гости со ваучери на туѓо име. Освен ако тој што го добил ваучерот не е со него, без разлика дали се семејство или друштво кое пошло заедно на одмор.

Хотелите примат гости со ваучерите, меѓутоа не водат сметка дали тие се на име на гостите. Други угостители се подисциплинирани и ги одбиваат гостите со туѓ ваучер.

Пазарната инспекција минатата недела поднела три кривични пријави поради измами со ваучерите за туризам, две во Охрид и една за објект во Струга. А, пазарните инспектори и денеска се на терен.

Инаку, целата листа на угостители кои работат со ваучер може да се најде на страницата Дома Си е Дома. До сега искористени се над 7.000 ваучери, најмногу во Стуга и Охрид , а близу 100.000 граѓани од државата добија пари за одмор , кои можат да искористат сместување до крајот на годината. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави