Ја слушнал веста за падот на индонезискиот авион додека ја чекал својата сопруга и трите деца на аеродромот во Понтијанак

Дел од очајните роднини на патниците од летот на индонезиската авиокомпанија „Шривиџаја ер“, чиј „Боинг 737“ се урна во морето вчера непосредно по полетувањето, пристигна и во Понтијанак, каде авионот требаше да пристигне а се наоѓа околу 740 километри од главниот град Џакарта.

Јаман Заи, татко на три деца кои биле во авионот со нивната мајка, за Ројтерс изјави дека ги чекал на аеродромот во Понтијанак, кога ја слушнал веста за несреќата.

Никогаш повеќе нема да ги видам, рече тој, гледајќи фотографија од неговата најстара ќерка.

Индонезиската агенција за безбедност КНКТ се очекува да започне тековна истрага за несреќата, а Управата за безбедност на сообраќајот на САД (НХТСА) автоматски ќе биде дел од неа, бидејќи авионот е дизајниран и изграден во САД, според Ројтерс.

Основана во 2003 година, индонезиската авиокомпанија „Сривиџаја ер“ со седиште во Џакарта лета претежно во рамките на Индонезија, а нејзиниот авион Боинг 737 со повеќе од 60 лица, вчера летајќи од главниот град кон Понтијанак, исчезна кратко по полетувањето и се урна во морето.

Total
0
Shares
Поврзани објави