Ја загуби битката со Ковид-19 – почина уште еден доктор

Поради компликации од Ковид-19, вчера на 53-годишна возраст почина д-р Сенат Грбовиќ.

Информацијата на Фејсбук ја споделија од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на д-р Сенат“, стои во нивната објава.

Грбовиќ работел во приватна здравствена установа, а претходно како лекар во Брза помош во Здравствениот дом Скопје.

Фото: Фејсбук/ Асоцијација на специјализанти и млади лекари

Total
0
Shares
Поврзани објави