Јанакиески повторно во “Шутка”

Екс министерот Миле Јанакиески, вечерва му беше одреден притвор, како осомничен во најновата акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а во врска со продажба на државно земјиште.

По целодневен распи во Кривичниот суд, судијата на претходна постапка одреди притвор и за уште седумина од осомничените, освен за две службенички, за кои обвинителството го повлече барањето за притвор и добија мерки на претпазливост.

Осомничени во оваа истрага освен Јанакиески, се и Димитар Димовски, вработен во Министерството за транспорт и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром – исто така вработен во Министерството.

Меѓу уапсените е и државниот правобранител, Емилија Радојкова, вработена во Катастар, нотари и бизнисмен.

Како што денеска објасни обвинителката Ивана Трајчева, станува збор за склучување на договори за отуѓување на земјиште во сопственост на државата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русковска – Во тек е спогодба со Мијалков за „Империја“, три години затвор и 30 милиони евра вреден имот да се заплени 6 милиони да уплати на државата

Главната обвинителка на Обвинителството за спречување организиран криминал и корупција, Вилма Русковска изјава дека во тек е спогодбата…