Јанакиевски се пожали дека му судат за шамари што не се случиле

Поранешниот министер Миле Јанакиевски денеска во Основниот суд 1 во Скопје на завршниот збор за предметот „Шамарите за Жерновски“ изјави дека му се суди за шамари кои не се случиле.

Јанакиевски во судницата тврдеше дека е жртвено јагне и дека не е точно дека бил најблизок соработник на Груевски.

Осве тоа, тој се пожали дека поради бегството на Груевски, сега цената ја плаќа тој.

„Факт е дека откако Груевски не е присутен во Македонија, голем дел од медиумскиот и политички притисок е врз мои плеќи, затоа против мене се водат 8 постапки и секој ден сум на суд…Дали е потребно да се најде жртвено јагне за да се понесе одговорноста за нечии постапки? Рангелова е ослободена, Лазаров призна вина, Груевски си замина и што останува? Миле Јанакиески да биде огласен за виновен за некој да може да поентира дека победила правдата,“ изјавил Јанакиески во Судот.

Тој тврди дека од 80 000 прислушувани разговори од него во јавноста се објавувале селектирани „бомби” со цел да се стигматизира неговиот лик создавајќи перцепција дека е криминалец и насилник.

Total
0
Shares
Поврзани објави