Јанкулоска: На 27-ми април со Миле јадевме и разговаравме за теми од наш интерес – во партијата ништо не се случуваше невообичаено

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска сведочеше за упадот во Собранието на 27-ми април.

Јанкуловска потенцираше дека одлука на органи на партијата поврзани со протестите не и се познати.

“Не ми се познати такви одлуки кога јас сум присуствувала на седниците, а од записниците не сум забележала таква одлука”, потенцираше Јанкуловска.

Запрашана од страна на одбраната на обвинетите што правела на 27-ми април, таа рече дека била во својата канцеларија во партијата, а веднаш до неа се наоѓала и канцеларијата на Миле Јанакиевски.

“Со Миле неколку пати во текот на денот јадевме и пиевме и разговаравме на теми кои тогаш беа од наш интерес, во партијата ништо не се случуваше невообичаено”, сведочеше Гордана Јанкуловска.

Јанкуловска повторно рече дека партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите, но рече дека знаеле заеднички во партија да гледаат вести и да ги коментираат изјавите на поединци.

“27-ми април остави траги кај сите нас, јас во 17 часот се заминав од партијата и отидов дома, подготвив ручек и на телевизија видов што се случува, тогаш една ТВ емитуваше во живо од внатрешноста на Собранието”, додаде Јанкуловска.

Запрашана дали имала на 27-ми април комуникација со Спиро Ристовски, Јанкуловска одговори негативно.

Во судница за денешното рочиште повикани се 17 сведоци, во рамки на предметот “Организаторите за 27-ми аптил.

Сведокот Гордана Јанкуловска беше спроведена од КПУ Идризово, каде издржува казна затвор за набавката на луксузниот Мерцедес.

Total
0
Shares
Поврзани објави