Јанкулоска нема да оди во затвор

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на 1 јули нема да оди во затвор на издржување на казната затвор за случајот „Тенк“, одлучи Врховниот суд. Судот го уважил барањето на Јанкулоска да и се одложи затворската казна и решението го испратиле до Кривичниот суд.

Издржувањето на затворската казна се одлага додека Врховниот суд одлучи по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.

Јанкулоска првично беше осудена на затворска казна од шест години за набавката на луксузниот „мерцедес“, а Апелацискиот суд и ја намали на четири години.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Ацо Колевски – обвинителот кој побара укинување притвор на Кочан додека беше во бегство, нов претседател на Советот на јавни обвинители

Едногласно без противкандидат и зад затворени врати членовите на Советот на јавните обвинители го избра обивнителот Ацо Колевски…