Јанкуловска: Нема потреба од спектакли, не ми паѓа на памет да бегам

Поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која треба да оди на издржување на казна затвор за случајот „Тенк“ откакако Врховниот суд ја потврди четиригодишната затворска казна од Апелациски суд, вели дека нема намера да бега од издржување на казната, ниту полицијата има потреба да направи спектакли со нејзинот спроведување во затврор.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша Јанкуловска на нејзинот фејбук профил, каде објави и слики во кои се гледа полицискo обезбедување околу зградата во која живее.

Таа дури и ги покани на кафе лиферувачите на лажната вест и сите кои се интересираат дали е сеуште во земјава.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави