Јавни набавки со еден понудувач и чести поништувања на тендерите

Во 40 отсто на тендерите на 37 јавни претпријатија основани од Владата и четири општините се јавил само еден понудувач, во 22 отсто имало двајца понудувачи, а само во 38 отсто имало три или повеќе понуди, открива истражувањето на Центрарот за граѓани комуникации, кое беше објавено деновиве.

Според ЦГК наблудуваните јавни претпријатија се значително под националниот просек кога станува збор за конкуренцијата во јавните набавки.

На нивните тендери во просек се јавиле 2,5 понуди на тендер, што е значително под националниот просек во 2019 година, кој изнесува 3,3 понуди по постапка.

Претпријатијата што биле предмет на набљудување потрошиле вкупно 247 милиони евра на тендери во 2019 година, што е 27 отсто од вкупните јавни набавки во земјата.

Според истражувањето, ризик од корупција и нерационално трошење на јавните средства не се препознава само кога има мал број на понуди, туку и кога оној што набавува често ги поништува тендерите.

Во групата истражувани јавни претпријатија, осум имаат повисок процент на поништени тендери отколку националниот просек.

Total
0
Shares
Поврзани објави