Јавните чешми во тетовските села со неисправна вода за пиење

Водата за пиење од десет јавни чешми во рурални места во тетовско не одговара според соодветниот правилник за безбедност и квалитет на водата за пиење, покажале најновите испитувања на Центарот за јавно здравје од Тетово.

Поради тоа, таа вода не се препорачува да се пие се додека не се дезинфицира.

– Според Правилникот за барање за безбедност и квалитет, водата за пиење не одговара во следните населени места: с.Теарце-Амбуланта, берберница кај Горна Џамија, с.Доброште, куќа на Македонско маало, чешма кај Џамијата (Општина Теарце), и во с.Селце чешма кај Џамија, чешма помеѓу с.Селце и с.Вејце кај бачилата, с.Вејце чешма кај мост, чешма кај Џамија, с.Ѓермо чешма кај река, чешма кај Џамија, чешма под школо-Пасишта (Општина Тетово), стои во соопштението на Центарот за јавно здравје до Центарот за управување со кризи.

Според д-р Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија и хигиена во Центарот за јавно здравје од Тетово, станува збор за микробиолошка неисправност.

– Забележано е присуство на доминантно колиформни бактерии кои не се од фекално потекло, но се индикатор дека ако не се дезинфицира водата може да настанат проблеми по човековото здравје и посебно во гастро-интестиналниот тракт (внатрешни органи), потенцира Давидовски.

Стручното мислење и препораката кои се доставуваат до државниот здравствен и санитарен е да не се пие таа вода се додека со дезинфекција не се доведе во ред водата за пиење.

– Причини за ваквите појави е што не се врши соодветно одржување на изворите, каптажите и водоводната мрежа. Потоа, немање на заштитни зони околу изворите со вода. Трето, најголемата причина е невршење на дезинфекција што најчесто се прави со хлорни препарати, ввели д-р Давидовски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави