Јотова исклучува можност за компромис за историјата

Потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова вели дека не може да има компромис со бугарската историја, особено кога има претензии или потенцијални претензии за иднината.

Јотова сметала дека сите клаузули запишани во Договорот за добрососедство ќе станат дел од европската рамка кога ќе започнат преговорите со Македонија.

„Имавме гаранции од разни форуми, не само на Советот на министри за надворешни работи, од Советот за општи работи “, нагласи Јотова.

Таа оценува дека Договорот за добрососедство мораше да биде придружуван од анекс што категорично зборува за бугарското историско минато.

Според неа треба да биде напишано во рамката за преговори со Македонија, за да нема идни можни територијални претензии, за малцинствата, за јазикот.

Total
0
Shares
Поврзани објави