Јовановиќ: СДСМ ги дале финансиите на ДУИ оти не им е важна економијата

Професорот Бранимир Јовановиќ, кој своевремено беше советник во Министерството за финансии како дел од тимот на екс-министерот Драган Тевдовски смета дека одлуката на СДСМ да го отстапи Министерството за финансии на кадар од ДУИ претставува капитулација.

Јовановиќ смета дека ако на СДСМ и била важна економијата и економски развој немаше да го отстапат ресорот финансии на ДУИ во најголемата економска криза во поновата историја, кога илјадници луѓе остануваат без работа, а многу мали фирми се на раб на затворање.

„Наведнете глава и молчете, јасно ни е дека ве натерале да капитулирате“, истакнува Јованоцвиќ.

Тој смета дека Фатмир Бесими е добар економист и е многу поквалитетен кадар од Нина Анегеловска, но тоа не е битно затоа што државните финансии СДСМ ги препушил на ДУИ.

Според него, ДУИ ги интересираат само тендери, вработувања на свои членови, субвенции и дивоградби.    

„ДУИ, кои откако ги сменија униформите за одела, гледаат само како да лапнат што е можно повеќе тендери, како да стават на државен платен список што е можно повеќе свои членови (по можност и да седат дома), како да поделат што е можно повеќе субвенции на свои гласачи, како да изградат што е можно повеќе дивоградби за своите бизниси“, вели Јовановиќ. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави