Трката за нов државен јавен обвинител се уште трае и според извори на порталот dosie.com.mk убедливо најсериозен кандидат за оваа финкција е обвинителот Љубомир Јовески од Советот на Јавни обвинители. Го прашавме кој му бил предизвикот да седне на ова жешко столче во време кога јавноста има многу лош впечаток за работата на обвинителството.
“Мојата кандидатура е професионален предизвик за враќање на довербата на граѓаните во Обвинителството. Оваа институција мора да се врати на патот на почитување на законите и процедурите . За некои реформи ќе треба малку подолго време , но има и такви промени кои може да се направат на кратки рокови”, вели кандидатот за Јавен Обвинител Јовески.
Неговата биографија е со богато судиско и обвинителско искуство. Бил претседател на Основниот суд 2 во Скопје од каде неговите колеги велат дека бил најкорекниот шеф и професионалец.
-Кај него не проаѓа нешто спротивно од закон и не се занимава со политика, велат неговите колеги од правосудството.
Кандидатот Јовески сака да планинари има профил на социјална мрежа и ужива во прошетките во природа. Доколу ја добие функцијата иако ќе му одзема многу време, не планира да се откаже од планинарењето.
Јовески е еден од 23јцата кандидати пријавени на огласот за прв човек на јавното обвинителство. По изборите Советот на јавните обвинители , по барање на Владата, ќе достави мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите. Мислењето на Советот е обврзувачко за Владата, која пак предложените кандидати ги доставува до Собранието. Ако Советот не даде мислење во рок од 15 дена, следуваат дополнителни 15 дена за мислење, по што, ако нема писмено известување, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.
Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години, со право на повторен избор.
Поврзани објави
Жителите од Челопек згрозени од терористичкиот напад на нивниот соселанец
Жителите на село Челопек се шокирани од вчерашниот настан во Виена, Австрија, пренесува Алсат-М. Селаните ги познаваат родителите…
Трамп се враќа на социјалните мрежи со своја платформа
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому од јануари му е забранет пристап до Твитер, за три месеци ќе се врати…
Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти
Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се…
Власта за 10 дена ќе ги објави имињата и надоместоците на советниците
Владата вчера ја прифатил репораката на Греко и решила да ги објави имињата и надоместоците на советниците и…