Kатица Јанева и Боки 13 остануваат во затвор – потвредни казните од Врховен суд

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот “Рекет”, односно Катица Јанева и Бојан Јовановски остануваат зад решетки за да ја издржат затворската казна.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот КВПКОК2бр.19/21, познат во јавноста под името „Рекет“, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие, информираат од Врховниот суд.

Екс специјалната обвинителка Катица Јанева беше осудена на 7 години затвор, а Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 годишна затворска казна.

Одбраната пак се надеваше дека Врховниот суд ќе ги увиди грешките на Кривичниот и Апелациониот суд, кои тие ги предочуваат, и барем ќе ги укине пресудите.

Боки 13 е осуден за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а поранешната шефица на СЈО, Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Обвинителството го гонеше Јовановски дека земал 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да заедно со Јанева го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“ кој го отвори СЈО. Во случајот обвинет беше и Зоран Милевски Кичеец, кој по признание на вина беше осуден на три години затвор.

Total
6
Shares
Поврзани објави