Кабранов : Не знам како стасало инфото до Камчев, јавувањата продолжија и по притворањето на Боки

По информацијата дека Боки и Сергеј го малтретирале Ацо Камбранов главен уредник на 1 тв , инфо кое го соопшти сведокот Орце Камчев , новинарот на ФБ појасни :

Утрово неколку новинари ми се јавија да ми пренесат дека Камчев во сведочењето посочил дека Боки и Сергеј со мутирани гласови ми се јавувале и ми се заканувале.

Во интерес на вистината неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада ми издиктира матичен број и адреса и ми рече дека сум жртва на сајбер криминал. Јавувањата траеа неколку месеци и преку ден и во ноќните часови и секогаш беа како да ме бара Боки од неговиот број. Истото му се случуваше и на Боки како јас да го барам. Многу пати телефонот на Боки стоеше пред него на маса ,а мене ми звонеше и се појавуваше неговиот број. и секогаш беше истиот човек со истата приказна.
Јас едноставно се вознемирив што го знае мојот матичен број и мојата сметка во банка плашејќи се да не ме задолжи некој. Пријавив во банката кад ешто имам сметка и потоа во МВР. Таму кај директорот на БЈБ бев со Боки бидејќи и него му се случуваше истото. Признавам се вознемирив кога одејќи по скалите кон канцеларијата на директорот на БЈБ ми зазвони телефонот и пак опомена дека не е добро што пријавувам во полиција. Директорот на сајбер криминал во МВР не сослуша и рече ќр провери и ке се јави.

Утредента ме извести дека од мобилните оператори добил инфо дека постоеле некакви апликации кои се кпувале ефтино чинам од Србија и така малтретирале луѓе и дека се немоќни да заштитат од тоа. Јавувањата продолжија со иста приказна и дека е спремен да дојде да ми пренел некакви информации за што се работи. Секако го одбив грубо , дури се дерев да престанеда малтретира. Јавувањата продолжија и по притворањето на Боки последен пат пред 10 ден. Сега сум тотално збунка не ми е јасно како стасало инфото и до сведокот Камчев. Не сум бил цел на закани но бев вознемирен да не биде злоупотребена мојата банкарка сметка и некој да ме задолжи па да морам да враќам.

Сега ми е јасно дека се било фарса, од кои не знам. Сега ми е јасно дека се било фарса.

Total
0
Shares
Поврзани објави