Кацарска: Уставниот суд бил максимално затворен

Уставниот суд е максимално затворен, оцени новата претседателка Добрила Кацарска. Според неа последниве години, Судот наместо да се отвара кон јавноста, тој се повеќе и повеќе бил затворен за јавноста и медиумите. Кацарска вети транспарентност.

„Кога дојдов во Уставниот суд мене ми беше несфатливо да е толку многу затворен судот“, изјави Добрила Кацарска, Претседателка на Уставен суд.

Во моментов Уставен работи со тројца судии помалку. Новите членови треба да ги изберат пратениците со гласање во Собранието, што ја отвора можноста за политичко и бизнис влијание.

„Се надевам и посакувам да изберат професионалци, чесни судии на кои воопшто нема да им е важно кој е подносител на иницијативата и која одредба се оспорува. Се надевам дека ќе имаат „сенс“ политичарите и ќе размислат добро кого ќе предложат и кого ќе изберат за судија“, рече Добрила Кацарска, Претседателка на Уставен суд.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Ременски во Обвинителство

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите…